Работата и развојот на ИАЕСТЕ Македонија се значително олеснети благодарение на поддршката од нашите спонзори. Сакаме да искажеме искрена благодарност до компаниите кои веруваат во нашата визија и ни помагаат да ги оствариме нашите цели. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна!
Од 1948 година, ИАЕСТЕ ги поврзува врвните, напредни работодавци со најдобрите студенти по природни науки и инженерство од целиот свет за работно искуство. Работодавците имаат корист од глобалната мрежа на канцеларии на ИАЕСТЕ, добивајќи пристап до студенти од повеќе од 100 земји и 160 националности. Практикантите од ИАЕСТЕ им носат уникатни вештини и искуство на своите работодавци, како и ентузијазам и интернационализација.
Ви ги обезбедуваме однапред избраните кандидати преку за ваше разгледување. Вие одлучувате кој студент да го прифатите.
Потпишуваме договор во кој ќе го пополните профилот кој го барате за праксата, а ние ќе се погрижиме за наоѓање студенти според вашите барања.
Придобијте од вештините и меѓукултурното искуство на практикантите. Ние Ве поддржуваме во административниот процес и се грижиме за практикантот надвор од работното време.
Ова се само дел од работодавачите во Македонија кои со години соработуваат со ИАЕСТЕ и примаат интернационални практиканти!