WORK. EXPERIENCE. DISCOVER.
International Association for Exchange of Students for Technical Experience
About us
Our awesome partners
We appreciate you!
Internships
ПРАКСИ!
На пракса преку ИАЕСТЕ Македонија може да аплицираат сите редовни студенти кои се на додипломски или постдипломски студии на универзитетите: „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола,
„Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот за информациски науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид.
ИАЕСТЕ најчесто нуди платени стручни пракси од областите на техничките и природните науки.
За да аплицира на една од овие пракси студентот мора да има познавања во областите кои се бараат во описот на работата. На пракса може да аплицирате во периодот од 10.2.2021 до 1.9.2021.
Сите пракси ќе ги најдете на praksi.iaeste.org.mk после 09.2.2021.
Должина на пракса?
Должината на ИАЕСТЕ праксите е различна, може да варира од 6 недели до 12 месеци.
Работодавецот одредува период кога треба да се изврши праксата и исто така ги дефинира минималната и максималната должина.
Ве молиме проверете ги овие спецификации со вашите можности тогаш да ја извршувате праксата и во вашата апликација вклучете го периодот во кој би сакале да биде праксата.
Виза/работна дозвола
ИАЕСТЕ Македонија не обезбедува виза за студенти, само обезбедува потребна документација доколку ви е потребна.
Конкретно што Ви е потребно и дали ви е потребна Виза за одредена земја, може на проверите на страната на Министерство за Надворешни Работи.
Плата
Преку ИАЕСТЕ Македонија се аплицира на платени стручни пракси и сите практиканти добиваат плата од страна на работодавците.
Но, ќе морате да бидете сигурни дека ќе имате доволно финансиски ресурси да ги покрите трошоците за
апликација за виза и/или работна дозвола, трошоците за пат и за сите трошоци додека ја добиете првата плата како и сите дополнителни трошоци во земјата домаќин.
Како да аплицирам?
Надворешниот конкурс функционира на тој начин што по пополнување на формата за пракса и завршување на рокот (кругот) на аплицирање се врши преглед на документите на кандидатите.
Видови на пракси:
Тип: AC пракси
Ова се пракси на кои аплицира само еден македонски студент. Секој кандидат има опција да избере три пракси, односно да ги подреди според приоритет (на која највеќе би сакал да оди како прва пракса итн.).
Доколку за една иста пракса се пријавени повеќе кандидати, се врши рангирање врз основа на доставените документи, односно просек, познавање на јазик, сертификати, година на студии како и соодветност на
областа на студии со барањата на праксата. Оној кандидат кој според овие критериуми ќе добие највеќе поени, на него му се доделува праксата (значи дека тој ќе има можност да аплицира односно неговите документи
ќе бидат испратени до фирмата/универзитетот). На другите кандидати им се доделуваат другите пракси според приоритетната листа која ја направиле. Доколку за една пракса има само еден пријавен,
праксата најчесто му се доделува на него (освен во услови доколку областа на студирање не одговара со барањата на праксата и сл.).
Тип: COBE пракси
На овие пракси аплицираат студенти од цел свет но важи правилото Еден кандидат од Една Земја. Правилата за селекција на македонски студент е исто како за AC пракса.
Тип FCFS пракси
На FCFS пракси аплицира првиот студент кој ќе пополни апликација дека сака да аплицира на таа пракса. По добивање на потврден mail од наша страна најдоцна до 48 часа од потврдата треба да ни ги испратите сите потребни
документи.
Потребни документи:
- CV со слика
- Мотивационо писмо
- Уверение за положени предмети
- Сертификат за познавање јазик
- Уверение за редовен студент
- Сертификати, награди и пофалници поврзани со областа која се бара за праксата
- Препорака (Барем една препорака, без разлика дали од професор или претходен работодавец.)
- Скениран пасош
- Student Nominated Form (Овој документ ќе ви биде испратен од страна на ИАЕСТЕ Македонија откако ќе ви биде доделена праксата.)
Објаснување:
Уверенијата за положени предмети и редовен студент може да се на македонски.
Сертификатите исто така може да се на македонски но и да приложите и ваш превод на англиски на истите (не треба од одвластен преведувач).
За некои европски земји потребни се дополнителни документи за кои ќе добиете известување од наша страна.
Котизациите се пресметуваат:
-За пракса со должина до 12 недели: 4000 денари + 5% од вкупната понудена плата во текот на целиот понуден период
-За пракса со должина од 12 до 24 недели: 5000 денари + 3% од вкупната понудена плата во текот на целиот понуден период
-За пракса со должина над 24 недели: 6000 денари + 2% од вкупната понудена плата во текот на целиот понуден период, но не повеќе од 30 000 денари
Во случај да не сте прифатени на праксата на која ќе аплицирате, ИАЕСТЕ ви ги враќа парите од платената котизација, со исклучок на 1200 денари, кои остануваат за административните трошоци.
За сите прашања може да пишете мејл на outgoing@iaeste.org.mk
Посетете го нашиот блог!
Дали сакате да дознаете како изгледа пракса во странство? Прочитајте ги приказните на нашите практиканти и дознајте што значи да бидеш дел од ИАЕСТЕ и да заминеш на пракса преку ИАЕСТЕ!