Како да аплицираш за ИАЕСТЕ пракса

НАЈДИ ПРАКСА

Разгледај ги отворените пракси и провери дали ги исполнуваш потребните критериуми.

Разгледај ги достапните пракси
АПЛИЦИРАЈ

Откако ќе пронајдете пракса, ја пополнувате формата за аплицирање и да чекате да одговор од нашата организација.

Форма за аплицирање
ИСПРАТИ ДОКУМЕНТИ

Откако ќе бидете избрани од страна на комитетот, ќе ги подготвите вашите документи кои ќе бидат доставени до работодавачот.

Погледни ги потребните документи
ОДИ НА ПРАКСА ОД СОНИШТАТА

Откако ќе бидете прифатени од работодавачот, ќе ги добиете сите потребни информации за да ја започнете вашата пракса од соништата!

На пракса преку ИАЕСТЕ Македонија може да аплицираат сите редовни студенти кои се на додипломски или постдипломски студии на универзитетите: „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот за информациски науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид.

ИАЕСТЕ најчесто нуди платени стручни пракси од областите на техничките и природните науки. За да аплицира на една од овие пракси студентот мора да има познавања во областите кои се бараат во описот на работата.

Должината на ИАЕСТЕ праксите е различна, може да варира од 6 недели до 12 месеци.
Работодавецот одредува период кога треба да се изврши праксата и исто така ги дефинира минималната и максималната должина.

Ве молиме проверете ги овие спецификации со вашите можности тогаш да ја извршувате праксата и во вашата апликација вклучете го периодот во кој би сакале да биде праксата.

ИАЕСТЕ Македонија не обезбедува виза за студенти, само обезбедува потребна документација доколку ви е потребна. Официјалите ИАЕСТЕ документи дека сте примени на пракса ќе ви помогнат во добивањето на виза. Доколку наидете на проблеми во процесот на апликација секогаш може да го контактирате ИАЕСТЕ.

Конкретно што Ви е потребно и дали ви е потребна Виза за одредена земја, може на проверите на страната на Министерство за Надворешни Работи.

Преку ИАЕСТЕ Македонија се аплицира на платени стручни пракси и сите практиканти добиваат плата од страна на работодавците.

Но, ќе морате да бидете сигурни дека ќе имате доволно финансиски ресурси да ги покриете трошоците за апликација за виза и/или работна дозвола, трошоците за пат и за сите трошоци додека ја добиете првата плата како и сите дополнителни трошоци во земјата домаќин.

Надворешниот конкурс функционира на следниот начин: по пополнување на формата за пракса и завршување на рокот (кругот) за аплицирање, се врши преглед на документите на кандидатите.

Секој кандидат има опција да избере три пракси, односно да ги подреди според приоритет (на која најмногу би сакал да оди како прва пракса итн.).

Доколку за една иста пракса се пријавени повеќе кандидати, се врши рангирање врз основа на доставените документи односно просек, познавање на јазик, сертификати, година на студии како и соодветност на областа на студии со барањата на праксата.

Оној кандидат кој според овие критериуми ќе добие најмногу поени, на него му се доделува праксата (значи дека тој ќе има можност да аплицира односно неговите документи ќе бидат испратени до фирмата/универзитетот).

На другите кандидати им се доделуваат другите пракси според приоритетната листа која ја направиле. Доколку за една пракса има само еден пријавен, праксата најчесто му се доделува на него (освен во услови доколку областа на студирање не одговара со барањата на праксата и сл.).

 

Пред да се прати номинацијата, задолжително е да се плати котизација за соодветната пракса за која се аплицира, во зависност од должината на истата. Котизациите се пресметуваат:

  • За пракса со должина до 12 недели: 5000 денари + 5% од вкупната плата која студентот би ја добил во текот на целиот понуден период за праксата
  • За пракса со должина од 12 до 24 недели: 6250 денари + 3% од вкупната плата која студентот би ја добил во текот на целиот понуден период за праксата
  • За пракса со должина над 24 недели: 7500 денари + 2% од вкупната плата која студентот би ја добил во текот на целиот понуден период за праксата

Доколку студентот е одбиен од пракса или праксата е откажана од работодавецот, 1500 денари остануваат на главната сметка на ИАЕСТЕ Македонија, а остатокот се враќаат на студентот. Ова важи за првата ваква откажана пракса, а за секој нареден ваков случај остануваат по 750 денари, а остатокот се враќа на студентот.

Сите студенти кои се во последна година на студии при аплицирање на пракса, плаќаат депозит од 3000 денари на ИАЕСТЕ Македонија. Депозитот се враќа 5 дена пред почетокот на праксата, исто така доколку студентот е одбиен од пракса, депозитот се враќа во полн износ.

Потребни документи

CV со слика

Доколку сакате можете своето CV да го изработите овде

Мотивационо писмо

Oткако ќе ви биде доделена праксата

Уверение за положени предмети или screenshot од iKnow

Слободно може да го извадите на македонски јазик со тоа што доколку ви биде доделена пракса ќе добиете template од наша страна за преведување на англиски. Исто така може и screenshot од iKnow но откако ќе ви биде доделена праксата задолжително е да доставите уверение за положени предмети извадено од студентска служба. Македонската верзија од уверението задолжително треба да биде оргинал со печат од архива. Задолжително е да се пратат и оргиналната верзија на македонски и преведената на англиски.

Уверение за редовен студент или screenshot од iKnow

Исто како и за уверението за положени испити. Македонската верзија МОРА да биде оргинал. И за ова исто така има template на англиски кој би било потребно да го пополните доколку ви е доделена праксата.

Сертификат за познавање јазик

Истиот може да биде стекнат и преку полагање на јазик во некој од термините организирани од ИАЕСТЕ Македонија (бесплатно за членови).

Останати сертификати што се признаваат зависат од самата пракса, државата каде аплицирате и самиот работодавач.

Сертификати, награди и пофалници

Поврзани со областа која се бара за праксата. Ако оргиналот е на англиски доволно е само тоа, инаку ќе треба и тоа да го преведете и да ги пратите и оргиналната верзија и преводот на англиски. Овие документи не се задолжителни.

Препорака

Препорачливо е да имате барем една препорака, без разлика дали од професор или претходен работодавец.

Скениран пасош

Откако ќе ви биде доделена праксата

Student Nominated Form

Овој документ ќе ви биде испратен од страна на ИАЕСТЕ Македонија откако ќе ви биде доделена праксата. Ова е fill-in форма и тука се пополнуваат општи информации за студентот, на кој факултет студира и периодот во кој би сакал да биде праксата. Периодот кој ќе го избере МОРА да соодветствува со периодот понуден во праксата. Овој документ се пополнува електронски. Во делот за потпис, доволно е само да ги напишеш твоето име и презиме.

Портфолио*

Само за студентите од областа на архитектура, дизајн или медија. Истото треба да е испратено во склоп на апликацијата

 

*За некои европски земји потребни се дополнителни документи за кои ќе добиете известување од наша страна.

© 2026 ИАЕСТЕ Македонија. Сите права задржани.