За нашата организација

Запознај го нашиот тим

Борд на ИАЕСТЕ Македонија

Одговорен за странските практиканти

Калина Цепуњоска
incoming@iaeste.org.mk

Одговорен за македонските практиканти

Иван Кржаловски
outgoing@iaeste.org.mk

ИАЕСТЕ вредности

Доверба
едни во други и во нашата мисија.
Раст
обезбедување средина за учење.
Посветеност
не само да кажеме, туку и да НАПРАВИМЕ
Пријателство
градење доживотни, интернационални пријателства
Разновидност
ИАЕСТЕ е за СЕКОГО

ИАЕСТЕ низ светот

Историја и развој на ИАЕСТЕ

ИАЕСТЕ, Меѓународнa организација за размена на студенти од техничките факултети, е основана во јануари 1948 година во Империјалскиот колеџ, Лондон, на иницијатива на Комитетот на Империал колеџ. Национални организации од десет европски земји присуствуваа на оваа средба и станаа членки, а г-дин Џејмс Њуби беше избран за прв генерален секретар. Географската покриеност наскоро се прошири во поголемиот дел од Европа па и пошироко. Здружението стана регистрирано тело според законот за Луксембург на нејзината генерална конференција 2005 година во Колумбија.

Во 1952 година, универзитетот во Белград се приклучува во ИАЕСТЕ како 16та придружна членка. Скоро потоа, отворени се локални комитети во Загреб, Љубљана и Скопје. Од основањено на Локалниот комитет во Скопје до распадот на Југославија сите административни работи биле извршувани во Белград, а од Скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ околу 200 студенти се здобиле со можноста да патуваат по светот и да извршуваат стручни пракси во големи и мали фирми со посредство на ИАЕСТЕ програмата.

По распадот на Југославија, во јануари 1992, тогашните студенти од локалниот комитет ИАЕСТЕ Македонија формираат здружение на граѓани со цел да продолжат да ја спроведуваат ИАЕСТЕ програмата. Здружението добива име „Македонски одбор за меѓународна размена на студенти од техничките факултети“ со седиште во Скопје на Електротехнички и Машински факултет и се приклучува во ИАЕСТЕ како придружна членка. На Генералната Конференција во Мексико, ИАЕСТЕ Македонија добива статус на полноправна земја членка на ИАЕСТЕ.

Што претставува ИАЕСТЕ?

ИАЕСТЕ Македонија е независна, невладина, неполитичка, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. Таа е полноправен член на Меѓународната организација ИАЕСТЕ. ИАЕСТЕ Македонија им овозможува на студентите по наука, инженерство, технологии и применети уметности, платени технички пракси во областа на нивните студии. ИАЕСТЕ Македонија годишно има околу 120 члена.

Во ИАЕСТЕ  сме посветени на поттикнување на меѓународно разбирање и влијание врз развојот на младите луѓе преку меѓународна размена. Нашите основни вредности на пријателство, доверба, почит, професионализам, развој и интеркултурна соработка служат како основа за нашата силна организациска култура и како принципи што ја водат целата наша работа и дневни активности.

Од 1992 година па до денес отворени се 4 локални комитети: на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и на универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Овие комитети од 1992 имаат испратено преку 500 студенти на пракса во странство и имаат вклучено преку 100 македонски компании во разменската програма. Бројни наши професори, научници и деловни луѓе се сеќаваат на праксите во странство преку ИАЕСТЕ.

По Ковид-19 пандемијата, ИАЕСТЕ Македонија има само еден активен комитет, односно Локалниот Комитет Скопје, при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

© 2026 ИАЕСТЕ Македонија. Сите права задржани.