Резултати од вториот круг на Надворешен Конкурс

Вториот круг на Надворешниот Конкурс за размена на платени стручни пракси траеше од 04.03.2019 до 13.03.2019. Сите пријавени кои доставија документи во овој рок, резултатите може да ги видат на следниов линк:

Резултати од надворешен конкурс 2019 – втор круг

Сите студенти на кои ќе им биде доделена пракса ќе бидат исконтактирани по e-mail за да се почне постапката за спремање на номинацијата.

Рокот за приговори е до недела, 17.03.2019, 23:59 часот. Сите приговори се праќаат на outgoing.iaestemkd@gmail.com.

Во ниту еден случај, студентот кој сака да конкурира на одредена пракса не смее да ги контактира локалните комитети на ИАЕСТЕ кои ја објавиле, ниту пак, работодавачот кој ја нуди праксата, сè додека официјално не биде испратена номинација преку ИАЕСТЕ Македонија и додека студентот не биде примен на соодветната пракса.

Праксите кои не се доделени на никој од пријавените, продолжуваат во третиот круг на Надворешен Конкурс.

Третиот круг започнува на 16.03.2019, и ќе трае до 21.03.2019. Процесот на аплицирање е следен:

  1. Да се пополни формата за аплицирање на Надворешен Конкурс
  2. Да се обезбедат потребните документи за избор на пракса
  3. Документите да се донесат во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија, која е отворена секој работен ден од 12:00-14:00 часот, или да се пратат на мејлот outgoing.iaestemkd@gmail.com

Потребни документи за аплицирање:

1. CV со слика

Доколку сакате можете своето CV да го изработите на  https://europass.cedefop.europa.eu/en/documents/curriculum-vitae

2. Мотивационо писмо (откако ќе ви биде доделена праксата)

3. Уверение за положени предмети/ screenshot од iknow
Слободно може да го извадите на македонски јазик со тоа што доколку ви биде доделена пракса ќе добиете template од наша страна за преведување на англиски. Исто така може и screenshot од iknow но откако ќе ви биде доделена праксата задолжително е да доставите уверение за положени предмети извадено од студентска служба. 
Македонската верзија од уверението МОРА да биде оргинал со печат од архива.
МОРА да се пратат и оргиналната верзија на македонски и преведената на англиски.

4. Сертификат за познавање јазик

5. Уверение за редовен студент (може и screenshot од iknow)
Исто како и за уверението за положени испити. Македонската верзија МОРА да биде оргинал.
И за ова исто така има template на англиски кој би било потребно да го пополните доколку ви е доделена праксата.

6. Сертификати, награди и пофалници поврзани со областа која се бара за праксата
Ако оргиналот е на англиски доволно е само тоа, инаку ќе треба и тоа да го преведете и да ги пратите и оргиналната верзија и преводот на англиски. Овие документи не се задолжителни.

7. Препорака
Барем една препорака, без разлика дали од професор или претходен работодавец.

8. Скениран пасош (откако ќе ви биде доделена праксата)

9. Student Nominated Form
(Овој документ ќе ви биде испратен од страна на ИАЕСТЕ Македонија откако ќе ви биде доделена праксата. )
Ова е fill-in форма и тука се пополнуваат општи информации за студентот, на кој факултет студира и периодот во кој би сакал да биде праксата. Периодот кој ќе го избере МОРА да соодветствува со периодот понуден во О-формата.
Овој документ се пополнува електронски.  Во делот за потпис, доволно е само да ги напишеш твоето име и презиме.

За студентите од областа на архитектура, дизајн или медија, потребно е заедно со номинацијата да се подготви и портфолио.

Во случај да не ви одговара терминот определен за носење документи, обратете се на нашата Outgoing одговорна, Јована Коцевска на outgoing.iaestemkd@gmail.com

Доколку има повеќе кандидати заинтересирани за една иста пракса, повторно ќе се изврши рангирање според: постигнатиот успех на факултетгодината на студиипознавањето на јазициискуство во извршување на претходни пракси и активности во ИАЕСТЕ Македонија. За членовите на ИАЕСТЕ Македонија, активностите во организацијата не надминуваат 10% од успехот на студиите (просекот). Рангирањето е транспарентно, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавени накнадно.

Откако ќе се објават резултатите, следува процесот на номинација. Сите студенти кои добиле пракса ќе бидат исконтактирани по e-mail.

Поради тоа што ИАЕСТЕ Македонија мора да подмири одредени трошоци за секоја извршена пракса кон интернационално ИАЕСТЕ, по објавувањето на резултатите од конкурсот, оној студент кој ќе добие ексклузивно право на праксата за која се одлучил ќе мора да уплати котизација за истата, и тоа за:

  • За пракса со должина до 12 недели: 4000 денари + 5% од вкупната плата на праксата која е понудена, за целиот понуден период.
  • За пракса со должина од 12 до 24 недели: 5000 денари + 3%од вкупната плата на праксата која е понудена, за целиот понуден период.
  • За пракса со должина над 24 недели: 6000 денари + 2% од вкупната плата на праксата која е понудена, за целиот понуден период.

Во случај студентот да биде одбиен од страна на работодавачот, ИАЕСТЕ Македонија задржува само 1200 денари за административни трошоци, а остатокот се враќа на студентот.

За сите прашања поврзани со праксите можете да се обратите на нашата Outgoing одговорна, Јована Коцевска на outgoing.iaestemkd@gmail.com