Пракси!
Која ќе биде вашата наредна дестинација?
Која ќе биде вашата наредна дестинација?
На пракса преку ИАЕСТЕ Македонија може да аплицираат сите редовни студенти кои се на додипломски или постдипломски студии на универзитетите: „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот за информациски науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид.
ИАЕСТЕ најчесто нуди платени стручни пракси од областите на техничките и природните науки. За да аплицира на една од овие пракси студентот мора да има познавања во областите кои се бараат во описот на работата.
Должината на ИАЕСТЕ праксите е различна, може да варира од 6 недели до 12 месеци.
Работодавецот одредува период кога треба да се изврши праксата и исто така ги дефинира минималната и максималната должина. Ве молиме проверете ги овие спецификации со вашите можности тогаш да ја извршувате праксата и во вашата апликација вклучете го периодот во кој би сакале да биде праксата.
Секој практикант кој заминува на пракса преку ИАЕСТЕ Македонија е одговерен за обезбедување на виза/работна дозвола пред да замине на пракса.
Само за некои земји ИАЕСТЕ помага во обезбедувањето на овие докумнети. За сите останати земји вие треба да ја контактирате амбасадата или конзулатот одговорни за Р.Македонија и да дознаете кои се документи ви се потребни за апликација.
Повеќе информации може да добиете на страната на министерството за надворешени работи на Р.Македонија
Официјалите ИАЕСТЕ документи дека сте примени на пракса ќе ви помогнат во добивањето на виза. Доколку наидете на проблеми во процесот на апликација секогаш може да го контактирате ИАЕСТЕ.
Немојте да патувате без потребните докумнети, виза, работна дозвола и сл. Доколку студентот сепак замине на пракса без да си ги обезбеди потребните докумнети ИАЕСТЕ Македонија не одговара за можните последици. Исто така кога ќе патувате земете копиии од официјалните ИАЕСТЕ документи со кои се потврдува дека сте примени на пракса и сите останати потребни докумнети.
ИАЕСТЕ Македонија не може да гарантира дека студентот ќе добие виза и/или работна дозвола и не е одговорна доколку барањето за виза и/или работна дозвола на студентот е одбиено.
Преку ИАЕСТЕ Македонија се аплицира на платени стручни пракси и сите практиканти добиваат плата од страна на работодавците.
Но, ќе морате да бидете сигурни дека ќе имате доволно финансиски ресурси да ги покрите трошоците за апликација за виза и/или работна дозвола, трошоците за пат и за сите трошоци додека ја добиете првата плата како и сите дополнителни трошоци во земјата домаќин.
Надворешниот конкурс функционира на тој начин што по пополнување на формата за пракса и завршување на рокот (кругот) на аплицирање се врши преглед на документите на кандидатите. Секој кандидат има опција да избере три пракси, односно да ги подреди според приоритет (на која највеќе би сакал да оди како прва пракса итн.). Доколку за една иста пракса се пријавени повеќе кандидати, се врши рангирање врз основа на доставените документи односно просек, познавање на јазик, сертификати, година на студии како и соодветност на областа на студии со барањата на праксата. Оној кандидат кој според овие критериуми ќе добие највеќе поени, на него му се доделува праксата (значи дека тој ќе има можност да аплицира односно неговите документи ќе бидат испратени до фирмата/универзитетот). На другите кандидати им се доделуваат другите пракси според приоритетната листа која ја направиле. Доколку за една пракса има само еден пријавен, праксата најчесто му се доделува на него (освен во услови доколку областа на студирање не одговара со барањата на праксата и сл.).
1. CV со слика
Доколку сакате можете своето CV да го изработите на —-> https://europass.cedefop.europa.eu/en/documents/curriculum-vitae
2. Мотивационо писмо (откако ќе ви биде доделена праксата)
3. Уверение за положени предмети/ screenshot од iknow
Слободно може да го извадите на македонски јазик со тоа што доколку ви биде доделена пракса ќе добиете template од наша страна за преведување на англиски. Исто така може и screenshot од iknow но откако ќе ви биде доделена праксата задолжително е да доставите уверение за положени предмети извадено од студентска служба.
Македонската верзија од уверението МОРА да биде оргинал со печат од архива.
МОРА да се пратат и оргиналната верзија на македонски и преведената на англиски.
4. Кратка содржина на положените предмети (на англиски) (откако ќе ви биде доделена праксата)
5. Сертификат за познавање јазик
6. Уверение за редовен студент
Исто како и за уверението за положени испити. Македонската верзија МОРА да биде оргинал.
И за ова исто така има template на англиски кој би било потребно да го пополните доколку ви е доделена праксата.
7. Сертификати, награди и пофалници поврзани со областа која се бара за праксата
Ако оргиналот е на англиски доволно е само тоа, инаку ќе треба и тоа да го преведете и да ги пратите и оргиналната верзија и преводот на англиски. Овие документи не се задолжителни.
8. Препорака
Барем една препорака, без разлика дали од професор или претходен работодавец.
9. Скениран пасош (откако ќе ви биде доделена праксата)
10. Student Nominated Form
(Овој документ ќе ви биде испратен од страна на ИАЕСТЕ Македонија откако ќе ви биде доделена праксата. )
Ова е fill-in форма и тука се пополнуваат општи информации за студентот, на кој факултет студира и периодот во кој би сакал да биде праксата. Периодот кој ќе го избере МОРА да соодветствува со периодот понуден во О-формата.
Овој документ се пополнува електронски. Во делот за потпис, доволно е само да ги напишеш твоето име и презиме.
За студентите од областа на архитектура, дизајн или медија, потребно е заедно со номинацијата да се подготви и портфолио.
Пред да се прати номинацијата, задолжително е да се плати котизација за соодветната пракса за која се аплицира, во зависност од должината на истата.
Котизациите се пресметуваат:
-За пракса со должина до 12 недели: 4000 денари + 5% од вкупната понудена плата во текот на целиот понуден период.
-За пракса со должина од 12 до 24 недели: 5000 денари + 3% од вкупната понудена плата во текот на целиот понуден период.
-За пракса со должина над 24 недели: 6000 денари + 2% од вкупната понудена плата во текот на целиот понуден период, но не повеќе од 30 000 денари.
Во случај да не сте прифатени на праксата на која ќе аплицирате, ИАЕСТЕ ви ги враќа парите од платената котизација, со исклучок на 1200 денари, кои остануваат за административните трошоци.