Што е company shuttle?

Company shuttle е проект на интернационално ниво, чија основна цел е организирање на посети на заинтересирани студенти во компании од матичните земји. Притоа, на студентите им се дава можност да се запознаат со начинот на функционирање на едно комплексно претпријатие, како и со технологијата и техниките кои се применуваат во секојдневното работење.

Зошто company shuttle?

Може да се заклучи дека и работодавците и студентите имаат потреба од медијатор кој ќе ја доближи природата на работењето на компаниите до самите студенти.

Со цел доближување на компаниите до студентите се организираат повеќе саеми на компании. Сепак со овој традиционален пристап, компаниите не допираат секогаш до вистински заинтересираните студенти и оние кои многу наскоро може да бидат нивни идни вработени. Од друга страна студентите не добиваат вистинска и целосна слика за работењто на компанијата за која се заинтересирани.

Токму ова остава простор да се најде нов и иновативен начин со кој ќе се оствари директна комуникација помеѓу студентите и компаниите. Во улога на медијатор и организатор пристапува студентската организација ИАЕСТЕ Македонија.

Оправданост

Предводена од студенти, но сепак во постојан контакт со некои од најеминентните компании и институции во нашата земја, ИАЕСТЕ Македонија е запознаена со проблемите на двете страни. Токму овој проект е можност на постепено, но сигурно доближување на академскиот свет, каде најмногу внимание се посветува на теоретскиот начин на решавање проблемите и реалниот, бизнис светот, каде се очекуваат конкретни, практични и инженерски решенија.

Ваков тип на проекти со пристап кон проблемот успешно се применува во повеќе земји во светот. Позитивниот одзив на истите е дополнителна причина која оди во прилог на оправданоста на овој проект и отворање на можноста истиот да биде започнат и во Македонија.

Придобивки

Промоција

Промоција на компанијата.

Конкуренција

Компанијата не е во конкуренција.

Тоа е примарниот фокус на проектот.

Пристап

Целосен пристап на претпријатието до профилите на студентите.

Избор

Целосна слобода при изборот на улогата на студентот.

Бизнис

Надоградување на студентите.

Едукација и запознавање со бизност на фирмата.

Искуство

Конкурентни-учесници на пазарот на трудот.

Практично искуство.