Што е ИАЕСТЕ?

ИАЕСТЕ (The International Association for the Exchange of Students for Technical Experience) е независна, непрофитна и неполитичка организација за размена на студенти, која одржува консултантски односи со повеќе агенции на Обединетите Нации. Им овозможува на студентите по наука, инженерство, технологии и применети уметности платени технички пракси во областа на нивните студии.

Откако е формирана во 1948, под закрила на UNESCO, ИАЕСТЕ има разменето повеќе од 300.000 студенти и се има развиено во динамична и инспиративна мрежа во повеќе од 80 земји. ИАЕСТЕ се стреми да спроведува високо квалитетна програма за размена на студенти со цел подобрување на техничкиот и личниот развој и промовирање на меѓународно разбирање и пријателство помеѓу студентите, академските институции, работодавците и пошироката заедница.

Историја

IAESTE, the International Association for the Exchange of Students for Technical Experience беше основана во 1948 од страна на 10 земји. Идејата која стоеше позади креирањето на една ваква организација беше да се ре-изградат односите помеѓу земјите после Втората Светска Војна преку размена на практични и корисни искуства, притоа креирајќи пошироко разбирање за други земји и култури, со цел да се спречи повторно војна.

Земји основачи: Белгија, Чехословачка, Данска, Финска, Франција, Холандија, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Велика Британија.

Организацијата стана легално регистрирано тело во Луксембург, во согласност со Луксембуршкиот закон на својата Генерална Конференција во Cartagena de Indias, Colombia. Оттогаш, официјалното име на организацијата е: IAESTE A.s.b.l. (Association sans but lucratif)

Од основањето па до денес, организацијата порасна од 10 на 90 земји од целиот свет и има разменето повеќе од 300 000 студенти, со што игра важна улога во развојот на инжинери и научници кои оставаат своја трага во глобалната економија. 5.000 студенти, 4.000 компании и 1.200 универзитети учествуваат во програмата секоја година.

Цели
  • Да им обезбеди на студетите техничко искуство во областа на нивните студии.
  • Да им понуди на работодавците квалификувани и мотивирани практиканти.
  • Да биде извор на културно збогатување за практикантите и нивните домаќини ИАЕСТЕ работи независно од раса, боја, пол или религија.
Земји Членки

ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ

Albania, ICESTE Argentina Australia Austria Azerbaijan, YES
Bangladesh, AFM Bangladesh, CAT Belarus Belgium Bolivia
Bosnia and Herzegovina Brazil Canada Chile China
China Hong Kong China Macao Colombia Croatia Cyprus
Czech Republic Denmark Ecuador Egypt Estonia
Finland France Gambia Germany Ghana
Ghana Hungary India Iran Ireland
Bangladesh, AFM Bangladesh, CAT Belarus Belgium Bolivia
Israel Jamaica Japan Jordan Kazakhstan
Kenya, DKUT Kenya, JKUAT Latvia Lebanon Liberia, BONSU
Lithuania Macedonia-FYR Malaysia Malta Mexico
Mongolia Montenegro Nepal New Zealand, AUSA Nigeria, UNIBEN
Norway Oman Pakistan Panama Peru
Philippines Poland Portugal Qatar Republic of Korea
Romania Russia Serbia Sierra Leone Bolivia
Slovakia Slovenia Spain Sri Lanka Sweden
Switzerland Syria Tajikistan Tanzania Thailand
The Netherlands Tunisia Turkey Ukraine United Arab Emirates
United Kingdom United States Uzbekistan Vietnam West Bank
Факти за Иаесте

ФАКТИ ЗА ИАЕСТЕ

      • 58 полноправни членки
      • 8 придружни членки
      • 24 соработници во 18 земји
      • 88 канцеларии во 83 земји
      • 4,000 пракси годишно во просек
      • 68 Годишни конференции
      • 69 години на постоење