Платена практикантска работа во УСЈЕ

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

Објавува

ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ

Цементарница УСЈЕ, како компанија чија стратешка оптределба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, започнува ПРОГРАМА ЗА ОБУКА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ.

Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.

Како дел од Програмата, Цементарница УСЈЕ објавува оглас за платена ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА за машински или електро инженери, технолози, хемиски инженери, машински и електро техничари.

Други квалификации:

Одлично познавање на Micfrosoft Office апликациите и одлично познавање на англиски јазик се сметаат за предност.

Кандидатите треб да бидат без работно искуство, дипломирани или во завршна година на студиите.

Посветеност, мотивираност, иницијативност

Тимска работа и кооперативност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

  1. Мотивациско писмо
  2. Биографија (CV)
  3. Доказ за образование (уверение за дипломирање или за положени испити)

 

Огласот трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето.

Ангажирањето во програмата за практикантска работа

трае определено време до 3 месеци

Учесниците на обуката ќе добијат Потврда за обученост во соодветната област од Цементарница Усје и ќе бидат земени предвид при идни вработувања

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје

http://usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.