RED BULL DOODLE ART – Македонското жири ги виде првите чкртачки трудови

Со првиот настан одржан во Скопје започнаа квалификациите за учество во натпреварувањето на студентите од целиот свет во чкртање познато како Red Bull Doodle Art.

Македонското жири ги виде првите чкртачки трудови

Чкртањето како слобода на изразување, каде што нема правила и ограничувања, претставува заедничка карактеристика на сите студенти кои го откриваат својот внатрешен талент за време на предавањата. Red Bull Doodle Art настојува да обедини преку 50.000 студенти од целиот свет кои преку глобалната платформа ќе успеат да се изборат за учество на финалната манифестација.

Единствената шанса да се претставува Македонија на Глобалниот завршен настан на Red Bull Doodle Art 2017 доаѓа преку учество на локалните натпревари, а во Скопје се организираше првиот настан во локалот „Кантина“. На тој начин на ова невообичаено неделно матине беа добиени првите 20 трудови во опуштена атмосфера со присуство на публика и музика од Dj Ux.

На патот до националното финале кон крајот на април ќе има уште неколку, по што победникот ќе добие виза за настап во возбудливото финале. Предвидено е за време на апликациската фаза од 3 до 16 април на повеќе факултети во Македонија да се отворат неколку уметнички катчиња, a студентите ќе можат да нацртаат цртежи со коишто ќе се пријават на натпреварот. Публиката ќе може да ги види сите чкртаници и да гласа за своите фаворити преку www.redbulldoodleart.com каде што е лоцирана глобалната платформа.

За националниот победник ќе одлучува македонското жири, во кое членуваат Иван Петрушевски, Давид Ристевски – Dreadpen и Д-р Ангелина Поповска. Петрушевски е графички дизајнер и илустратор кој работи во областа на дигиталната уметност од 2003 година, со неколку самостојни и групни изложби зад себе. Препознатлив по сомбре-суканиците, Ристевски е дизајнер што е вработен во маркетинг агенција, но исто така и „зависник“ од чкртањето кој признава дека секогаш носи маркер со себе. Иако нејзината професионална определба како доктор по науки за конзервација и реставрација на икони, на што воедно и работи во Националнциот конзерваториски центар, Ангелина Поповска е наградуван академски сликар со неколку самостојни изложби, чие што поле на интерес е концептуалната уметност со користење модерни техники.

Иако на финалето ќе има само еден учесник од Македонија, Семос Едукација обезбеди дополнителни три награди во вид на ваучери за посетување на обуки за дизајн во нивниот Adobe Authorized Training Centar.

Оваа глобална манифестација по втор пат ќе претставува светски собир на сите национални победници, откако првата глобална галерија беше организирана во Кејптаун, Јужна Африка, во 2014 година, со учество на Матеј Тодоровски, тогашен студент на Архитектонскиот факултет во Скопје. За оваа година финалето повторно предвидува возбудлива локација, но претхoдно сите учесници ќе добијат соодветен тренинг за креирање завршно уметничко дело со цртање во три димензии (3D), за љубителите на уметноста да можат на крајот да го видат сето тоа преку виртуелната реалност. За глобалниот победник ќе одлучува судиски панел.

Што е чкртаница?

Цртеж без фокус што се црта додека мислите ви се окупирани со други нешта.

Што е Red Bull Doodle Art?

Натпреварување кое се одржува ширум светот меѓу студентите, при што тие ги приложуваат своите чкртаници за оценување по основ на стилот и креативноста. Еден чкртач од секоја земја ќе биде повикан на глобалното финале и ќе се натпреварува против студентите од целиот свет. Победничкото дело од секоја земја ќе биде изложено во Глобалната виртуелна галерија. На изложбата ќе биде прогласен еден меѓународен победник.

Кој ќе биде крунисан како глобален победник во Red Bull Doodle Art 2017?

Ќе дознаеме наскоро!