Резултати од првиот круг на Надворешен Конкурс

Првиот круг на Надворешниот Конкурс за размена на платени стручни пракси траеше од 20 февруари до 3 март. Сите пријавени кои доставија документи во овој рок, реултатите може да ги видат:

GDE Error: Error retrieving file - if necessary turn off error checking (404:Not Found)

Сите студенти кои добија пракса ќе бидат исконтактирани по e-mail за да се почне постапката за спремање на номинацијата.

Рокот за приговори е до среда, 23:59. Сите приговори се праќаат на outgoing.iaestemkd@gmail.com.

Во ниту еден случај, студентот кој сака да конкурира на одредена пракса не смее да ги контактира локалните комитети на ИАЕСТЕ кои ја објавиле, ниту пак, работодавачот кој ја нуди праксата, сè додека официјално не биде испратена номинација преку ИАЕСТЕ Македонија и додека студентот не биде примен на соодветната пракса.

Праксите кои не се доделени на никој од пријавените, продолжуваат во вториот круг на Надворешен Конкурс. Преостанатите пракси може да ги разгледате тука.

Вториот круг започнува на 6.3.2017, и ќе трае до 17.3.2017. Процесот на аплицирање е следен:

  1. Да се пополни формата за аплицирање на Надворешен Конкурс
  2. Да се обезбедат потребните документи за избор на пракса
  3. Документите да се донесат во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија, која е отворена секој работен ден од 12:00-14:00 часот.

Во случај да не ви одговара терминот определен за носење документи, обратете се на нашата Outgoing одговорна, Добринка Јанакиева на outgoing.iaestemkd@gmail.com; macedonia@iaeste.org или на телефон 070 558 490.

За аплицирање потребни се следните документи:

  • Мотивационо писмо за соодветната пракса на англиски јазик (зошто сте ја одбрале таа пракса и зошто сте вие погоден кандидат за неа)
  • Кратка биографија (CV) на англиски јазик
  • Уверение за редовен студент
  • Листа на положени предмети издадена од матичниот факултет
  • Сертификат за англиски и други јазици доколку познавате и/или се бараат за самата пракса
  • Препораки и дипломи (доколку студентот ги има) кои дополнително ќе бидат земени во предвид
  • Пополнета изјава за јавно објавување на личните податоци

Доколку има повеќе кандидати заинтересирани за една иста пракса, повторно ќе се изврши рангирање според: постигнатиот успех на факултет, годината на студии, познавањето на јазици, искуство во извршување на претходни пракси и активности во ИАЕСТЕ Македонија. За членовите на ИАЕСТЕ Македонија, активностите во организацијата не надминуваат 10% од успехот на студиите (просекот). Рангирањето е транспарентно, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавени накнадно.

Откако ќе се објават резултатите, следува процесот на номинација. Сите студенти кои добиле пракса ќе бидат исконтактирани по e-mail.

Поради тоа што ИАЕСТЕ Македонија мора да подмири одредени трошоци за секоја извршена пракса кон интернационално ИАЕСТЕ, по објавувањето на резултатите од конкурсот, оној студент кој ќе добие ексклузивно право на праксата за која се одлучил ќе мора да уплати котизација за истата, и тоа за:

  • За пракса со должина до 12 недели: 4000 денари + 5% од вкупната плата на праксата која е понудена, за целиот понуден период.
  • За пракса со должина од 12 до 24 недели: 5000 денари + 3%од вкупната плата на праксата која е понудена, за целиот понуден период.
  • За пракса со должина над 24 недели: 6000 денари + 2% од вкупната плата на праксата која е понудена, за целиот понуден период.

Во случај студентот да биде одбиен од страна на работодавачот, ИАЕСТЕ Македонија задржува само 1200 денари за административни трошоци, а остатокот се враќа на студентот.

За сите прашања поврзани со праксите можете да се обратите на нашата Outgoing одговорна, Добринка Јанакиева на outgoing.iaestemkd@gmail.com; macedonia@iaeste.org или на телефон 070 558 490.