Надворешен Конкурс

Секоја година ИАЕСТЕ Македонија објавува надворешен конкурс за стручни пракси во странство, на кој може да аплицираат сите редовни студенти кои ги исполнуваат критериумите и се на додипломски или магистерски студии на техничките факултети при универзитетите: „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот за информациони науки и технологии – Охрид.

Праксите може да ги погледнете тука.

Во ниту еден случај, студентот кој сака да конкурира на одредена пракса не смее да ги контактира локалните комитети на ИАЕСТЕ кои ја објавиле ниту, пак, работодавачот кој ја нуди праксата, се’ додека официјално не биде испратена номинација преку ИАЕСТЕ Македонија и додека студентот не биде примен на соодветната пракса.

За апликација потребни се следните документи:

  1. Мотивационо писмо за соодветната пракса (зошто сте ја одбрале таа пракса и зошто сте вие погоден кандидат за неа)
  2. Кратка биографија (CV)
  3. Индекс на увид за редовен студент
  4. Листа на положени предмети издадена од матичниот факултет
  5. Сертификат за англиски и други јазици доколку познавате
  6. Препораки и дипломи (доколку студентот ги има) кои дополнително ќе бидат земени во предвид
  7. Пополнета изјава за јавно објавување на личните податоци

Документите за аплицирање на пракса треба да се предадат најдоцна до 29.03.2015 во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија во барака 5, од 12 до 14 часот. Доколу не ви одговара овој термин, контактирајте го нашиот Outgoing одговорен, чии контакт информации ги има подолу.

Доколку има повеќе кандидати заинтересирани за една иста пракса ќе се изврши рангирање според: постигнатиот успех на факултет, годината на студии, познавањето на јазици и искуство во извршување на претходни пракси и активности во ИАЕСТЕ Македонија. За членовите на ИАЕСТЕ Македонија, активностите во организацијата не надминуваат 10% од успехот на студиите (просекот). Рангирањето е транспарентно, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавени накнадно.

Поради тоа што ИАЕСТЕ Македонија мора да подмири одредени трошоци за секоја извршена пракса кон интернационално ИАЕСТЕ, по објавувањето на резултатите од конкурсот, оној студент кој ќе добие ексклузивно право на праксата за која се одлучил ќе мора да уплати котизација за истата, и тоа за:

  • Должина до 12 недели – 4000 ден. + 5% од севкупната плата за понудениот период
  • Должина од 12 до 24 недели – 5000 ден. + 3% од севкупната плата за понудениот период
  • Должина над 24 недели – 6000 ден. + 2% од севкупната плата за понудениот период

Во случај студентот да биде одбиен од страна на работодавачот, ИАЕСТЕ Македонија задржува само 1200 денари за административни трошоци, а остатокот се враќа на студентот.

Сите кандидати кои не беа избрани за пракса, можат да си ги подигнат документите во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија секој работен ден од 12-14 часот.

За сите прашања поврзани со праксите можете да се обратите на macedonia@iaeste.org ; outgoing.iaestemkd@gmail.com, или директно да го контактирате нашиот Outgoing одговорен – Димеска Тамара на  070 669 872