Red Bull Doodle Art – Чкртање во трета димензија

Постои едно нешто што е заедничко за сите студенти ширум светот: нивниот скриен уметнички талент се истакнува преку чкртање во текот на предавањата, а се почнува со основниот прибор, молив и лист. Уметноста во нејзиното најдобро издание ќе се случи по трет пат во Македонија, како дел од светскиот настан Red Bull Doodle Art.

 

Чкртањето е универзална навика што ги обединува студентите од различни култури на планетата Земја. Сите чкртаат! Преку 50 илјади студенти од над 1.000 универзитети во 40 земји од светот, ќе ни го покажат начинот на кој што тие ја доживуваат уметноста на чкртањето. На тој начин, Red Bull Doodle Art ја обезбедува платформата за секој од нив да може да ја спроведе својата инспирација и фантазија во уметност. Чкртањето нема правила, нема ограничувања – тоа е слобода на изразување!

Во текот на месец април, студентите во Македонија ќе можат да ги приложат своите неверојатни уметнички дела и да гласаат за најдобрите чкртаници во својата земја преку www.redbulldoodleart.com каде што е лоцирана глобалната платформа. Годинешното издание ќе биде одбележано со серија од настани, сите со цел да им се даде на студентите шанса што повеќе да чкртаат. Red Bull Doodle Art ќе ги собере највлијателните уметници на првото случување во Скопје заканажано во локалот „Кантина“, а потоа ќе следат и посети на факултетите, што ќе резултира со големо национално финале на крајот од април. Тогаш специјалното жири ќе одлучи кој ќе ја претставува Македонија на големото светско финале.

Глобалниот завршен настан на Red Bull Doodle Art 2017 ќе се случува по втор пат и ќе претставува возбудливо финале, искуство на виртуелната реалност. Имено, сите национални победници добиваат единствена шанса да се натпреваруваат во завршницата која што ќе се одржи на возбудлива локација. Претходно, ќе добијат шанса да ги подобрат своите уметнички вештини со цртање во три дименизии (3D) преку соодветен тренинг, за на крајот да го креираат и своето завршно уметничко дело чкртајќи во 3D. Финалното ремек дело ќе биде изложено во виртуелната галерија каде што љубителите на уметноста во целост ќе можат да го доживеат чртањето од целиот свет во виртуелната реалност. За глобалниот победник ќе одлучува судиски панел.

Првата глобална галерија Red Bull Doodle Art беше претставена во Кејптаун, Јужна Африка, во 2014 година. Тогаш, студентот на индискиот универзитет, Сантану Каушик со чкртање стигна до победата. Хиндуизмот и спиритуалноста беше она што го инспирираше да го начкрта победничкиот цртеж. Македонија на ова натпреварување беше претставена од Матеј Тодоровски, студент на Архитектонскиот факултет во Скопје.

– Победата на Red Bull Doodle Art 2014 претставуваше пресврт во мојот живот каков што не очекував. Победата направи да добијам поголема самодоверба во својата уметност и правец во кој одев. Никогаш порано не сум одел во уметничко училиште, ниту сум имал нечија поддршка. Самиот научив да цртам. Ми беше тешко да се изборам за мојата уметност, а Red Bull Doodle Art ми ја даде шансата да му се претставам на светот, па денеска сум илустратор, современ уметник што ја истражува својата визија. Чкртам секој ден, ми стана секојдневна навика, без оглед каде сум и што правам, а наскоро ќе издадам и неколку книги,- вели Сантану Каушик.

Што е чкртаница?
Цртеж без фокус што се црта додека мислите ви се окупирани со други нешта.

Што е Red Bull Doodle Art?
Натпреварување кое се одржува ширум светот меѓу студентите, при што тие ги приложуваат своите чкртаници за оценување по основ на стилот и креативноста. Еден чкртач од секоја земја ќе биде повикан на глобалното финале и ќе се натпреварува против студентите од целиот свет. Победничкото дело од секоја земја ќе биде изложено во Глобалната виртуелна галерија. На изложбата ќе биде прогласен еден меѓународен победник.

Кој ќе биде крунисан како глобален победник во Red Bull Doodle Art 2017? Ќе дознаеме наскоро!

За повеќе информации околу земјите учеснички, како и за начинот на кој што можете да го пријавите своето дело, посетете ја страната www.redbulldoodleart.com .

#doodleart

Резултати од вториот круг на Надворешен Конкурс

Вториот круг на Надворешниот Конкурс за размена на платени стручни пракси траеше од 6 до 17 март. Сите пријавени кои доставија документи во овој рок, резултатите може да ги видат:

GDE Error: Error retrieving file - if necessary turn off error checking (404:Not Found)

Сите студенти кои добија пракса ќе бидат исконтактирани по e-mail за да се почне постапката за спремање на номинацијата.

Рокот за приговори е до вторник, 21.03.201, 23:59 часот. Сите приговори се праќаат на outgoing.iaestemkd@gmail.com.

Во ниту еден случај, студентот кој сака да конкурира на одредена пракса не смее да ги контактира локалните комитети на ИАЕСТЕ кои ја објавиле, ниту пак, работодавачот кој ја нуди праксата, сè додека официјално не биде испратена номинација преку ИАЕСТЕ Македонија и додека студентот не биде примен на соодветната пракса.

Праксите кои не се доделени на никој од пријавените, продолжуваат во третиот круг на Надворешен Конкурс. Преостанатите пракси може да ги разгледате тука.

Третиот круг започнува на 20.3.2017, и ќе трае до 24.3.2017. Процесот на аплицирање е следен:

  1. Да се пополни формата за аплицирање на Надворешен Конкурс
  2. Да се обезбедат потребните документи за избор на пракса
  3. Документите да се донесат во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија, која е отворена секој работен ден од 12:00-14:00 часот.

Во случај да не ви одговара терминот определен за носење документи, обратете се на нашата Outgoing одговорна, Добринка Јанакиева на outgoing.iaestemkd@gmail.commacedonia@iaeste.org или на телефон 070 558 490.

За аплицирање потребни се следните документи:

  • Мотивационо писмо за соодветната пракса на англиски јазик (зошто сте ја одбрале таа пракса и зошто сте вие погоден кандидат за неа)
  • Кратка биографија (CV) на англиски јазик
  • Уверение за редовен студент
  • Листа на положени предмети издадена од матичниот факултет
  • Сертификат за англиски и други јазици доколку познавате и/или се бараат за самата пракса
  • Препораки и дипломи (доколку студентот ги има) кои дополнително ќе бидат земени во предвид
  • Пополнета изјава за јавно објавување на личните податоци

Доколку има повеќе кандидати заинтересирани за една иста пракса, повторно ќе се изврши рангирање според: постигнатиот успех на факултетгодината на студиипознавањето на јазициискуство во извршување на претходни пракси и активности во ИАЕСТЕ Македонија. За членовите на ИАЕСТЕ Македонија, активностите во организацијата не надминуваат 10% од успехот на студиите (просекот). Рангирањето е транспарентно, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавени накнадно.

Откако ќе се објават резултатите, следува процесот на номинација. Сите студенти кои добиле пракса ќе бидат исконтактирани по e-mail.

Поради тоа што ИАЕСТЕ Македонија мора да подмири одредени трошоци за секоја извршена пракса кон интернационално ИАЕСТЕ, по објавувањето на резултатите од конкурсот, оној студент кој ќе добие ексклузивно право на праксата за која се одлучил ќе мора да уплати котизација за истата, и тоа за:

  • За пракса со должина до 12 недели: 4000 денари + 5% од вкупната плата на праксата која е понудена, за целиот понуден период.
  • За пракса со должина од 12 до 24 недели: 5000 денари + 3%од вкупната плата на праксата која е понудена, за целиот понуден период.
  • За пракса со должина над 24 недели: 6000 денари + 2% од вкупната плата на праксата која е понудена, за целиот понуден период.

Во случај студентот да биде одбиен од страна на работодавачот, ИАЕСТЕ Македонија задржува само 1200 денари за административни трошоци, а остатокот се враќа на студентот.

За сите прашања поврзани со праксите можете да се обратите на нашата Outgoing одговорна, Добринка Јанакиева на outgoing.iaestemkd@gmail.commacedonia@iaeste.org или на телефон 070 558 490.

Резултати од првиот круг на Надворешен Конкурс

Првиот круг на Надворешниот Конкурс за размена на платени стручни пракси траеше од 20 февруари до 3 март. Сите пријавени кои доставија документи во овој рок, реултатите може да ги видат:

GDE Error: Error retrieving file - if necessary turn off error checking (404:Not Found)

Сите студенти кои добија пракса ќе бидат исконтактирани по e-mail за да се почне постапката за спремање на номинацијата.

Рокот за приговори е до среда, 23:59. Сите приговори се праќаат на outgoing.iaestemkd@gmail.com.

Во ниту еден случај, студентот кој сака да конкурира на одредена пракса не смее да ги контактира локалните комитети на ИАЕСТЕ кои ја објавиле, ниту пак, работодавачот кој ја нуди праксата, сè додека официјално не биде испратена номинација преку ИАЕСТЕ Македонија и додека студентот не биде примен на соодветната пракса.

Праксите кои не се доделени на никој од пријавените, продолжуваат во вториот круг на Надворешен Конкурс. Преостанатите пракси може да ги разгледате тука.

Вториот круг започнува на 6.3.2017, и ќе трае до 17.3.2017. Процесот на аплицирање е следен:

  1. Да се пополни формата за аплицирање на Надворешен Конкурс
  2. Да се обезбедат потребните документи за избор на пракса
  3. Документите да се донесат во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија, која е отворена секој работен ден од 12:00-14:00 часот.

Во случај да не ви одговара терминот определен за носење документи, обратете се на нашата Outgoing одговорна, Добринка Јанакиева на outgoing.iaestemkd@gmail.com; macedonia@iaeste.org или на телефон 070 558 490.

За аплицирање потребни се следните документи:

  • Мотивационо писмо за соодветната пракса на англиски јазик (зошто сте ја одбрале таа пракса и зошто сте вие погоден кандидат за неа)
  • Кратка биографија (CV) на англиски јазик
  • Уверение за редовен студент
  • Листа на положени предмети издадена од матичниот факултет
  • Сертификат за англиски и други јазици доколку познавате и/или се бараат за самата пракса
  • Препораки и дипломи (доколку студентот ги има) кои дополнително ќе бидат земени во предвид
  • Пополнета изјава за јавно објавување на личните податоци

Доколку има повеќе кандидати заинтересирани за една иста пракса, повторно ќе се изврши рангирање според: постигнатиот успех на факултет, годината на студии, познавањето на јазици, искуство во извршување на претходни пракси и активности во ИАЕСТЕ Македонија. За членовите на ИАЕСТЕ Македонија, активностите во организацијата не надминуваат 10% од успехот на студиите (просекот). Рангирањето е транспарентно, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавени накнадно.

Откако ќе се објават резултатите, следува процесот на номинација. Сите студенти кои добиле пракса ќе бидат исконтактирани по e-mail.

Поради тоа што ИАЕСТЕ Македонија мора да подмири одредени трошоци за секоја извршена пракса кон интернационално ИАЕСТЕ, по објавувањето на резултатите од конкурсот, оној студент кој ќе добие ексклузивно право на праксата за која се одлучил ќе мора да уплати котизација за истата, и тоа за:

  • За пракса со должина до 12 недели: 4000 денари + 5% од вкупната плата на праксата која е понудена, за целиот понуден период.
  • За пракса со должина од 12 до 24 недели: 5000 денари + 3%од вкупната плата на праксата која е понудена, за целиот понуден период.
  • За пракса со должина над 24 недели: 6000 денари + 2% од вкупната плата на праксата која е понудена, за целиот понуден период.

Во случај студентот да биде одбиен од страна на работодавачот, ИАЕСТЕ Македонија задржува само 1200 денари за административни трошоци, а остатокот се враќа на студентот.

За сите прашања поврзани со праксите можете да се обратите на нашата Outgoing одговорна, Добринка Јанакиева на outgoing.iaestemkd@gmail.com; macedonia@iaeste.org или на телефон 070 558 490.

Надворешен Конкурс 2017

Секоја година ИАЕСТЕ Македонија објавува надворешен конкурс за стручни пракси во странство, на кој може да аплицираат сите редовни студенти кои ги исполнуваат критериумите и се на додипломски или магистерски студии на техничките факултети при универзитетите: „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот за информациони науки и технологии – Охрид.

Праксите може да ги погледнете тука.

Во ниту еден случај, студентот кој сака да конкурира на одредена пракса не смее да ги контактира локалните комитети на ИАЕСТЕ кои ја објавиле ниту, пак, работодавачот кој ја нуди праксата, се’ додека официјално не биде испратена номинација преку ИАЕСТЕ Македонија и додека студентот не биде примен на соодветната пракса.

За апликација потребни се следните документи:

  1. Мотивационо писмо за соодветната пракса (зошто сте ја одбрале таа пракса и зошто сте вие погоден кандидат за неа)
  2. Кратка биографија (CV)
  3. Индекс на увид за редовен студент (или уверение за редовен студент)
  4. Листа на положени предмети издадена од матичниот факултет
  5. Сертификат за англиски и други јазици доколку познавате и/или се бараат за самата пракса
  6. Препораки и дипломи (доколку студентот ги има) кои дополнително ќе бидат земени во предвид
  7. Пополнета изјава за јавно објавување на личните податоци

Документите за аплицирање на пракса треба да се предадат најдоцна до 03.03.2017 во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија во барака 5, од 12 до 14 часот. Доколу не ви одговара овој термин, контактирајте го нашиот Outgoing одговорен, чии контакт информации ги има подолу. Студентите од универзитетите во Битола, Охрид и Штип, исконтактирајте не на outgoing.iaestemkd@gmail.com, за каде и кога да ги доставите документите.

Доколку има повеќе кандидати заинтересирани за една иста пракса ќе се изврши рангирање според: постигнатиот успех на факултет, годината на студии, познавањето на јазици и искуство во извршување на претходни пракси и активности во ИАЕСТЕ Македонија. За членовите на ИАЕСТЕ Македонија, активностите во организацијата не надминуваат 10% од успехот на студиите (просекот). Рангирањето е транспарентно, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавени накнадно.

Поради тоа што ИАЕСТЕ Македонија мора да подмири одредени трошоци за секоја извршена пракса кон интернационално ИАЕСТЕ, по објавувањето на резултатите од конкурсот, оној студент кој ќе добие ексклузивно право на праксата за која се одлучил ќе мора да уплати котизација за истата, и тоа за:

  • Должина до 12 недели – 4000 ден. + 5% од севкупната плата за понудениот период
  • Должина од 12 до 24 недели – 5000 ден. + 3% од севкупната плата за понудениот период
  • Должина над 24 недели – 6000 ден. + 2% од севкупната плата за понудениот период

Во случај студентот да биде одбиен од страна на работодавачот, ИАЕСТЕ Македонија задржува само 1200 денари за административни трошоци, а остатокот се враќа на студентот.

За сите прашања поврзани со праксите можете да се обратите на macedonia@iaeste.org ; outgoing.iaestemkd@gmail.com, или директно да го контактирате нашиот Outgoing одговорна – Јанакиева Добринка на  070 558 490.