Искра во земјата на лахмаџун, баклава, мачки, Ефес, килими и nazar bogucu

Трансконтиненталната, прекрасна и уникатна Турција. Спој на традиција, обичаи, превкусна храна, уникатна чај култура и што уште не.
Измир е град кој се наоѓа во југозападна Турција и е трет по големина, после Анкара и Истанбул. Она што го прави овој град посебно магичен се преубавите зајдисонца. Најубав дел од денот е приквечерината и заоѓањето на сонцето. Кејот долж Измир исполнет со многу луѓе, седнати покрај морето и во исчекување на уникатното зајдисонце во близина на централниот плоштад Конак, или пак во Алсанџак или Бостанли… Но, посебно е зајдисонцето од İzmir Tarihi Asansör (историски лифт во Измир) во Караташ. Лифтот бил изграден од богат еврејски банкар и трговец во тоа време со цел да им го олесни на луѓето патот од тесното крајбрежје на Караташ кон ридот и сега служи како атракција за луѓето.

This slideshow requires JavaScript.

Во централниот дел од градот се наоѓа и традиционалната и шарена Kemeraltı Çarşısı (чаршија Кемералти) каде што може да се најде буквално се. Од прекрасни кожни чанти на кои претешко ми беше да им одолеам па се до разнобојни зачини кои освен со својата боја примамуваат и со својот мирис. Кемералти е местото каде што може да се најде се што е традиционално… За донер, дурум, лахмаџун, пиде, тантуни и ајран мислам нема потреба да се зборува! Но сепак, омилено ми беше турското кафенце во Kızlarağası Han со поглед кон џамијата Хисар.

This slideshow requires JavaScript.

 

За викендите излегувавме во познатата населба која скоро никогаш не спиеше бидејќи беше позната по ноќниот живот во неа и ги имаше најубавите кафичи, Алсанџак! Бидејќи таму немаат Силбо, а ни Ла Делишс, после излегување знаевме да си седнеме на kokoreç или на по некоја слатка ‘бомба’ (топче од тесто преполнето со чоколаден крем).

This slideshow requires JavaScript.

Праксата претежно ми беше во MATLAB и решавав различни проблеми околу оптоварувањата во енергетските системи и исто така подобрување на факторот на моќност.

Во однос на работата, мојата пракса беше на универзитетот Еге во одделот за електротехника и електроника. Конкретно се занимавав со анализа на електроенергетските системи. Праксата претежно ми беше во MATLAB и решавав различни проблеми околу оптоварувањата во енергетските системи и исто така подобрување на факторот на моќност и можам да кажам дека навистина премногу научив и презадоволна сум што имав прилика подетално да работам во MATLAB бидејќи навистина ја научив неговата практична примена. Колегите на работа беа навистина фини и секогаш ми помагаа кога и да ми затребаше помош за нешто. Со оглед на тоа што бев едно од ретките девојчиња на одделот, па уште кога ќе кажев дека сум од Македонија, па и од Скопје, тогаш буквално ме третираа како кралица хаха. Денот на работа никако не можеше да помине без мнооогу турски чајчиња и кафиња.

По оваа пракса дефинитивно можам да кажам дека Турција ми го освои срцето комплетно. Секаде каде што патувавме, максимално уживав и се заљубував во секое местенце особено оние како Алачати, Чешме, Памуккале…

This slideshow requires JavaScript.

Морам да признаам дека посебен впечаток навистина ми остави Кападокија. Благодарение на ИАЕСТЕ Турција имавме можност да поминеме супер викенд во магичната Кападокија и конечно да си остварам една работа од мојата bucket list, а тоа беше да летам со балон над Кападокија.

This slideshow requires JavaScript.

Топлината на земјата, на народот и неговата искреност и добронамерност, превкусната храна, неповторливата и интересна традиција и култура навистина ќе ве шармираат и ќе ве
освојат… Навистина е преубаво искуство што вреди да се искуси во животот.

Најискрено и најтопло му препорачувам ИАЕСТЕ пракса во Турција и каде било во светот на секој!

Искра Јачева – студент на Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје

This slideshow requires JavaScript.